Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола стигна до 103 победи од 161 натпревар во Лигата на шампионите.
Синоќа неговата екипа го победи РБ Лајпциг во натпреварот од 2.коло од групната фаза на Лигата на шампионите. За тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола оваа победа беше 103-та во кариерата. Според овој индикатор, тој го надмина поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, кој има 102 победи во Лигата на шампоните.
Лидер на листата на тренери по бројот на победи на најпрестижното европско натпреварување е Карло Анчелоти кој е на чело на шпанскиот тим Реал Мадрид. Италијанскиот стручњак има 109 победи на 193 натпревари.
Под водство на Гвардиола, Манчестер Сити минатата сезона ја освои Лигата на шампионите за прв пат во нивната историја.