Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на денешната ждребка за 1/4-финалето на Лигата на Шампионите. Неговиот тим за противник го доби ривалот од Премиер лигата, екипата на Тотенхем. Според Шпанецот, двата тима имаат подеднакви шанси да продолжат понатаму.
„Задоволство е да си во 1/4-финалето во ЛШ. Многу добро го познаваме Тотенхем. Имаме огромна почит кон тој тим. Шансите се 50/50“ – вели Гвардиола.
„Ќе се обидеме да бидеме во посакуваната форма и да одиграме два добри меча. Секој тим има силни и слаби страни. Истото се однесува и за нас. Ќе биде тешко, но, така ќе биде и за сите други екипи“ – изјави Гвардиола.