Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по вчерашниот пораз на теренот на Ливерпул вели дека неговиот состав покажал шампионска игра и дека нема за што да биде разочаран.
„Начинот на кој игравме беше фантастичен. Горд сум на мојот тим повеќе од било кога. Да играш така против еден од најсилните тимови во Европа, не е мала работа“ – вели Гвардиола кој не сакаше да ги коментира спорните ситуации кога неговиот тим не доби два пенала.
„Прашајте го Мајк Рајли и луѓето кои се во ВАР-собата. Игравме одлично, сакам да зборувам за изданието на мојот тим затоа што тоа беше многу добро“ – нагласи шпанскиот стратег.
