Менаџерите на екипите во Англија го изгласаа Пеп Гвардиола за најдобар во сезоната која штотуку заврши.
Признанието по втор пат сосема заслужено заврши во рацете на Шпанецот кој со Манчестер Сити успеа да го освои победничкиот пехар во Премиер-лигата и Купот на Англија и воедно да обезбеди место во големото финале во Лигата на шампионите.
Гвардиола кој во 2016 година го презеде кормилото на „граѓаните“, успеа да освои 3 титули во Премиер-лигата, еден пехар во ФА купот, два пехара во Комјунити Шилд и 4 во така наречениот Карабао Куп.

