Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не сакаше да ја коментира ситуацијата во редовите на Челзи откако тимот е ставен под специјален третман поради рускиот милионер, Роман Абрамович.
Британците денеска го замрзнаа целиот имот на рускиот олигарх и одредија посебни услови за работа на лондончани.
„Не ја знам точната причина зошто се случило тоа. Дајте ми неколку дена за да можам да дадам коментар“ – изјави Гвардиола.