Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е прогласен за најдобар тренер за 2023 во изборот на ФИФА. Шпанецот освои тројна круна – Лигата на шампионите, Премиер конкуренцијата и триумфираше во ФА Купот. Годинава се додели и наградата за најдобар тренер во женскиот фудбал која ја доби селекторката на Англија, Сабина Вигмен.

Пет фудбалери на Сити се ставени во идеалниот тим на ФИФА. Тоа се Кајл Вокер, Џон Стоунс, Рубен Диас, Бернардо Силва, Кевин де Бруин и Ерлинг Халанд. Oд Реал Мадрид: Тибо Куртоа, Џуд Белингам и Винисиус Жуниор а место има и за Килијан Мбапе (ПСЖ) и Лионел Меси (Интер Мајами).

На церемонијата во Лондон, голманот на Манчестер Сити, Едерсон, е прогласен за најдобар додека кај дамите признанието го доби Мери Ерпс. ФИФА ја додели наградата за „фер-плеј“ коjа замина во рацете на Бразил. „Кариоките“ на еден меч облекоа комплетно црни дресови во знак на борба против расизмот. Наградата „Пушкаш“ за најубав гол му припадна на играчот од средниот ред на Ботафого, Гиљерме Мадруга.

