Манчестер Сити се договори со Барселона да го ангажира дефанзивецот Самуел Умтити, но во јануари 2020 година.
Манчестер Сити не успеа да ја засили својата одбрана по напуштањето на Винсент Компани, а Хари Мегуаер се реши да се пресели во градскиот ривал Манчестер Јунајтед. Сепак, Пеп Гвардиола има многу добри опции во одбрандбената линија затоа што ги има Лапорте, Стоунс и Отаменди, но тој сепак сака цврст играч.
Според информациите, граѓаните се договориле со шпанскиот шампион да ги платат бараните 60 милиони евра за Умтити, кој не успеа да се снајде најдобро „Камп Ноу“, и затоа екипата е подготвена да го продаде.
Гвардиола исто така очекува францускиот дефанзивец да не биде користен во Лигата на шампионите, што ќе му овозможи да биде дел од решавачката фаза во Лигата на шампионите по неговото пристигнување на „Етихад“.