Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го претрпе својот 12-ти пораз во сите натпреварувања оваа сезона, повторувајќи го неговото лично најлошо достигнување досега во една сезона.
Да потсетиме, Манчестер Сити загуби на домашен терен во првиот натпревар од плеј-оф рундата од Лигата на шампионите 2025/2025 од Реал Мадрид (2:3).
Според информациите кои беа објавени, Манчестер Сити претходно имал исто толку порази во сите натпреварувања под водство на Гвардиола само во сезоната 2019/2020.
Покрај поразот во мечот со Реал, избраниците на Гвардиола загубија и во Лигата на шампионите од ПСЖ (2:4), Јувентус (0:2) и Спортинг (1:4). Манчестер Сити загуби од Арсенал (1:5), Астон Вила (1:2), Манчестер Јунајтед (1:2), Ливерпул (0:2), Тотенхем (0:4), Брајтон (1:2) и Бурнемаут (1:2) во Премиер лигата, како и од Тотенхем во англискиот Лига Куп со резултат 1:2.

