Англискиот фудбалски состав, Манчестер Сити, ќе се обиде да дојде до потписот на членот на Наполи, Квича Кварацелија, велат денешните информации од Англија.
22-годишниот Грузиец во текот на 2023-та бил ревносно следен од скаутите на „граѓаните“. Тој во сезонава одигра 26 натпревари во сите конкуренции со ефект од пет голови и исто толку асистенции.
Трансферната вредност на Кварацелија се проценува од 80 до 100 милиони евра.