Менаџерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола има желба да го донесе н Андрес Иниеста за негов помошник во клубот.
Легендата на Барселона е прв избор на тренерот за испранзетото место на Микел Артета, кој се очекува да го преземе Арсенал. 34-годишниот Иниеста ја разгледува можноста да стане играч тренер во шампионот на Англија, каде повторно ќе работи со поранешниот соиграч и ментор Гвардиола.
Според познавачите веќе течат преговорите меѓу „граѓаните” и фудбалерот. Иниеста е еден од најуспешните играчи во историјата. Покрај светска и европска титула со Шпанија тој има осум титули на Шпанија и четири трофеји од Лигата на Шампионите.
Првично Андрес размислуваше за понуди од Кина и САД, но можноста да работи како тренер во еден од водечките клубови во Англија го сменило неговото мислење.