Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, размислува кој да му биде наследник на Лерој Сане доколку напаѓачот се определи да ги напушти „граѓаните“ и да се активира во Баерн Минхен.
Бидејќи Баварците се упорни во намерите да го ангажираат брзоногиот голгетер, шпанскиот стратег погледнува кон гледа ѕвездата на Реал Сосиедад, Микел Ојарзабал, кој има договор до 2024 година.
Се наведува дека луѓето од Манчестер Сити се подготвени да ја активираат неговата откупна клаузула вредна 75 милиони евра и да му понудат далеку поголема плата од таа што ја добива во Шпанија.