По првиот натпревар од 1/4 финалето од Лигата на шампионите помеѓу Манчестер Сити – Атлетико Мадрид кој заврши со победа на Манчестер од 1:0, менаџерот на домашната екипа успеа да подобри едно свое достигнување.
Оваа победа беше 15-та за клубот во 23 плеј-оф натпревари во Лигата на шампионите под водство на Пеп Гвардиола. Како менаџер на Барселона, Гвардиола доби 14 натпревари во 26 одиграни натпревари. Од друга страна, шпанскиот стручњак двапати го освои трофејот со каталонскиот клуб (2008/09, 2010/11).
Реванш четвртфиналниот натпревар ќе се одигра на 13 април на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид (Шпанија).