Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, испрати оригинален поздрав до светскиот клупски шампион Баерн Минхен по освојувањето на трофејот во Доха.
Видео пораката од Гвардиола, кој го предводеше германскиот тим во периодот од 2013-2016 година, се појави на профилите на баварскиот гигант на социјалните мрежи. Баерн вчера го победи мексиканскиот Тигрес со 1-0 откако Бенџамин Павар погоди во 61-та минута.„
Јас сум многу горд, честитки до сите, особено Ханс-Дитер Флик, играчите и целиот персонал за големиот успех. Сакам да го потсетам Ханси дека сте вториот тим кој освои шест титули по ред! Пред вас тоа беше Барселона“ – потенцираше Гвардиола.
