Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, се осврна на првиот меч меѓу Барселона и Ливерпул во рамките на 1 /2 финалето во Лигата на фудбалските шампиони кој им припадна на Шпанците со убедливи 3-0. Според искусниот тренер, „црвените“ треба да бидат горди на прикажаното.
„Не верувам дека поразот ќе влијае врз играчите на Ливерпул. Според мене, натпреварот беше многу добар а двата тима прикажаа желба за победа. Презентацијата на Ливерпул беше исклучителна. Ми се допадна како одигра“ – нагласи Гвардиола и одговори на прашањето дали Меси ја направи разликата на мечот на „Камп Ноу“.
„Да, иако Барселона се бранеше многу добро. Тие победија неверојатен тим. Во Ливерпул треба да се горди на настапот. Тие се појавија на најтешкиот стадион за гостување во светот и одиграа со многу храброст и карактер“ – изјави Гвардиола.