Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, гледа со пиетет кон Борусија Дортмун пред денешниот воведен меч во 1 /4 финалето во Лигата на шампионите.
„Кога бев во Берн, Дортмунд беше наш најголем ривал. Со нив водевме војна секоја сезона – прво со Јирген Клоп а потоа со Томас Тухел. Дури два пати игравме во финалето на Купот – изјави Гвардиола.
„Таму играат одлични фудбалери од типот на Хумелс, Џан, Мение, Дахуд, Халанд, Санчо, Азар, Ројс, Бранд… и многу малди играчи“ – потенцираше тренерот на „граѓаните“.

