Дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер можеби нема да игра до крајот на сезоната. Ова го најави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
„Тоа може да се случи. Сè уште не знам. Не сум загрижен, морам да се концентрирам на другите играчи. Џон Стоунс е во аут за утре, ќе видиме во среда“, објасни тренерот.
Запрашан дали новиот договор на Јирген Клоп со Ливерпул може да влијае на неговата одлука да остане во Манчестер Сити подолго од следната сезона, кога ќе му истече договорот, Гвардиола рече:
„Честитки за Јирген и Ливерпул. Ова е добро за Премиер лигата и за иднината. Му посакувам се најдобро. Ако одлучам да останам, тоа ќе биде моја одлука, а не затоа што мојот колега го продолжи договорот. Не гледам врска. Во текот на мојата кариера, 15 години како тренер, секогаш сум имал ривали. Со Клоп се натпреварувам шест години“ додал Гвардиола.
Шпанецот ја прокоментира и претстојната пресметка со Лидс:
„Лидс е тежок противник, тие се борат за бодови, нам ни требаат бодови. Фудбалерите денеска тренираа исклучително концентрирано. Сите во клубот знаат за што играме и што треба да направиме. Одигравме неверојатни последните три натпревари, постигнавме многу голови и мора да продолжиме да го правиме тоа“ заврши Пеп Гвардиола на прес-конференцијата пред мечот со Лидс Јунајтед.