Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го гледа Роберто Де Зерби , кој го предводи Брајтон, како негов наследник.
Според „The Telegraph“, по натпреварот од 32. коло на Премиер лигата помеѓу Брајтон и Манчестер Сити минатата сезона, Гвардиола, минувајќи покрај противничката клупа, им се обратил на тројца играчи на оваа екипа.
„Ова е следниот менаџер на Манчестер Сити“, рече Гвардиола, покажувајќи со главата кон Де Зерби.
Да потсетиме дека Де Зерби го презеде Брајтон во септември минатата година. Гвардиола е тренер на Манчестер Сити од летото 2016 година.
По осум кола од тековното англиско првенство, избраниците на Гвардиола освоија 18 бода и моментално се наоѓаат на третото место на табелата. Брајтон има 16 бодови и е на шестото место.