Фудбалерите на Манчестер Сити вчера беа елиминирани од Арсенал во Купот на Англија по што нивниот тренер, Пеп Гвардиола, потенцирал дека е загрижен од формата на тимот пред реваншот со Реал Мадрид во ЛШ.
„Фудбалерите се свесни дека не е добро. Во завршната фаза од сезоната мора да имате континуитет. Мислам дека од поразите ќе извлечеме поука“ – потенцираше шпанскиот стратег кој се насочи и кон мечот со „кралевите“ во елитата во Европа.
„Против Реал Мадрид мора да одиграме подобро за да оствариме пласман во наредната фаза. Разоачаран сум од првото полувреме против Арсенал, тоа не смее да ни се случи на мечот со Реал“ – потенцира Гвардиола.