Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Ливерпул на „Вембли“ во „Комјунити Шилд“ и го подигнаа првиот пехар во новата натпреварувачка сезона.
Тренерот на „граѓаните, Пеп Гвардиола, верува дека новиот шампионат на Англија ќе биде поразличен од претходниот и дека повеќе екипи ќе се борат за пехарот за разлика од претходната сезона кога во трката останаа само неговиот тим и „црвените“ од „Енфилд“.
„Не знам дали ќе биде како во изминатата сезона со само двајца кандидати за пехарот во Премиер лигата. Мислам дека Јунајтед со Мегваер и другите што се засилија, Арсенал, Челзи и Тотенхем, сега ќе направат многу поголема конкуренција“ – вели Гвардиола.

