Челниците на фудбалскиот состав Манчестер Сити ја разгледуваат можноста да го ангажираат голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас и тоа како замена за повредениот Клаудио Браво. Чилеанецот ја искина тетивата на еден од тренинзите на „граѓаните“ и ќе мора да ја пропушти целата сезона.
Тоа значи дека тренерот, Пеп Гвардиола, сега го има на располагање само 20-годишниот Даниел Гримшо како замена за Бразилецот, Едерсон. Иако трансферниот период во Англија е затворен, тимовите имаат право да ангажираат фудбалер ако се соочат со случај на потешка повреда на фудбалер.
Во меѓувреме, Навас вели дека нема желба да го напушти Мадрид бидејќи неговиот договор е валиден до 2020 година. Претходно се појавија шпекулации дека Сити размислува за понуда и за вториот голман на Барселона, Јаспер Силенсен.