Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола верува дека Ливерпул се уште е во трка за титулата во Премиер лигата.
Манчестер Сити е втор на табелата по 9 натпревари и 1 бод помалку од Арсенал. Ливерпул е на 11. место и по 8 натпревари заостанува 14 бода зад лондончани.
„Да останат уште 10 натпревари, би рекол: Ливерпул нема да може да го стигне лидерот, Арсенал. Сепак, во ситуацијата во која сите сме засегнати со Светското првенство, тоа сепак не е невозможно.
Утре Сити и Ливерпул на „Енфилд“ играат големо дерби во Премиерлигата.