Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги негираше гласините дека играчот од средниот ред, Риад Марез ќе го напушти тимот во летниот преоден рок, бидејќи не е задоволен од времето што го поминува на терен во дресот на Манчестер Сити.
„Риад Марез ќе игра за Манчестер Сити следната сезона, и по неа и така натаму, а вие не мора да прашувате за овие гласини”, изјави Пеп Гвардиола, „Ние сме среќни што имаме таков играч како Марез“ додаде Гвардиола.
Во тековната сезона, Марез учествувал на 42 натпревари за Манчестер Сити, постигна 11 гола и имаше 11 асистенции, што секако е одлучен показател за добриот настап на овој фудбалер.