Менаџерот на актуениот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, зборуваше за трката за титулата во Премиер лигата во наредната сезона.
Гвардиола беше запрашан кој клуб го смета за најтешкиот противник на Манчестер Сити во претстојната сезона.
„Не знам, кога би можел да ја предвидам иднината, би ве известил. Обично има многу тимови во Премиер лигата и очекувам голема борба. Очекувам дека во трката за титулата ќе има многу клубови. Имаат класа во однос на тренерите, играчите и историјата. Не знам ќе видиме, но секако нема да биде лесно“, изјави Гвардиола.