Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не крие дека е среќен по пласманот во големото финале во Лигата на шампионите.
Неговиот тим во двата меча со францускиот ПСЖ излезе како победник и сосема заслужено се промовираше како првиот учесник во битката за европскиот трон која ќе биде на стадионот – Ататурк во Истанбул.
„Горд сум на фудбалерите. Да се победи со 4-1 против тим кој ги елиминираше Барселона и Баерн Минхен значи многу. Последниве неколку години работевме напорно за да дојдеме до финалето“ – рече шпанскиот стратег.

