Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола зборуваше за пропуштените шанси за освојување на Лигата на шампионите со „граѓаните“.
„Можеби не сум доволно добар за да го водам Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Никој не знае дали нашиот тим ќе победеше со други играчи или со друг тренер. Бевме блиску до победа – го знаете тоа, ние го знаеме – но важно е дека ќе се обидеме повторно да се бориме за трофејот следната сезона, а потоа повторно. Не знам дали можеме да ја освоиме Лигата на шампионите. Не можам да одговорам на ова прашање. Можеби грешам, но имам чувство дека луѓето од Абу Даби го купија овој клуб и инвестираа во неверојатни капацитети и играчи, како и многу други клубови во светот, за да го имаат она што го живеевме во последните години, а не само за освојување на Лигата на шампионите“, изјави Гвардиола.