Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ја истакна важноста од победата на неговиот тим на синоќешниот меч со Астон Вила со 4:1.
Со овој триумф, и претходно победата на Арсенал против Лутон, овие два тима излегоа пред Ливерпул во трката за титулата, кој вечерва ќе се врати на врвот со победа над Шефилд Ј.
„Тие се уште имаат повеќе бодови од нас, па затоа се фаворити за титулата. За нас е важно да се пласираме во Лигата на шампионите. Блиску сме до ова, учеството на овој турнир е важно од многу причини. Победата над Вила е огромен чекор кон Лигата на шампионите“, рече Гвардиола по синоќешниот меч.

