Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, очекува тежок меч против Њукасл во текот на викендот во рамките на Премиер-лигата.
„Утре од првата минута ни требаат нашите навивачи. Њукасл е исклучителен тим. Во последните две сезони им оди навистина добро и сега купија играчи кои се совршени за начинот на кој играат.“ – вели Гвардиола.
„Минатата сезона го имавме Кевин Де Брујн кој сега е надвор од терените четири месеци, го имавме Гундоган кој повеќе не е тука. Њукасл е тим од Лигата на шампионите. Тоа ќе биде огромен тест за нас“ – вели тренерот на „граѓаните“.