Фудбалерите на Манчестер Сити вчера го совладаа Брајтон на „Етихад“ со 3:0 во 33 коло во Премиер-лигата и останаа на челната позиција на табелата.
Тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, вели дека неговиот тим мора да победи на сите мечеви до крајот на сезоната доколку сака да ја овои титулата.
„ Што се однесува до Премиер лигата, ако загубиме само два бода, Ливерпул ќе стане шампион. Ако ги добиеме сите мечеви, ние ќе станеме шампиони. Знаеме какви тешки натпревари претстојат, па мора да се обидеме“ – изјави Гвардиола.