Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го сподели своето мислење за борбата со Ливерпул за првото место во англиската Премиер лига.
Фудбалерите на Ливерпул вчера го совлада Шефилд Јунајтед со 1:0, додека Манчестер Сити победи на гостувањето против Евертон (3:1).
„Знаевме дека Ливерпул повторно победи и разликата меѓу нас се зголеми на осум поени. Тоа е многу. По нашата победа, разликата е намалена на пет поени. Има уште многу натпревари. Знаеме дека трката за титулата во Премиер Лигата е тепка и долга. Имаат седум победи по ред, ја освоија ЛШ и покажуваат добар фудбал. Тие се нашиот главен ривал. Знаеме дека не можеме да губиме премногу бодови, бидејќи минатата сезона имаа само еден пораз. Сезоната е долга. Ние мора да продолжиме да работиме и да останеме во чекор со нив. Можеби ќе можеме да извршиме поголем притисок врз нив и да станеме шампиони во Премиер лигата по трет пат во низа “, рече Гвардиола.