Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, машки го прими синоќешниот нпораз на преполнит „Енфилд“. Тој призна дека неговиот тим беше навистина лош во офанзивата и дефинитивно на овој натпревар се покажа колку во тимот недостасува Кун Агуеро.
„Ние не создадовме чиста ситуација, а домашните направија совршена одбрана. Потребата од еден гол, само еден гол, не успеавме да ја постигнеме. Сега треба да го прифатиме овој пораз и да се фокусираме на натпреварот со Манчестер Јунајтед, бидејќи со победа во дербито можеме да си кја потврдиме титулата во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.