Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола објави дека клубот не планира да направи сериозна селекција на нови играчи во текот на јануарскиот преоден рок. Шпанскиот стручњак е задоволен од составот со кој располага и не разговарал со шефовите за купување на нови играчи во оваа фаза.
„Не, не очекувам нови засилувања. Мислам дека со овој состав ќе ја завршиме сезоната“, призна Гвардиола.