Манчестер Сити не планира да ангажира играчи во зимскиот преоден рок. Ова го соопшти главниот тренер на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.
„Нема да купуваме никого во јануари. Ние го имаме нашиот тим“, изјави Гвардиола на новинарот Фабрицио Романо на Твитер.
По 13 натпревари, Манчестер Сити е втор во табелата во Премиер лигата со 32 бода и два бода помалку од Арсенал.
Во Лигата на шампионите, тимот на Гвардиола ја освои групата Г со 14 бодови. Англискиот тим за ривали во оваа фаза ги имаше Борусија Дортмунд, Севиља и ФК Копенхаген.
Во 1/8 финалето „граѓаните“ ќе играат со германскиот РБ Лајпциг. Првиот натпревар ќе се игра на 22 февруари, а реваншот на 14 март.
Минатата сезона Манчестер Сити беше елиминиран во полуфиналето, губејќи од идниот шампион Реал Мадрид.