Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Хосеп Гвардиола беше задоволен по победата од 1-0 на гости кај Тотенхем во дербито на Премиер-лигата.
„Среќен сум со победата, ни требаа три бода. Во првото полувреме создадовме многу шанси, но, не ги искористивме. Тоа беше причината поради која настрадавме во вториот дел“ – рече Гвардиола.
„Момците се бореа, но, секогаш е тешко да се игра тука. За среќа се заврши добро“ – изјави тренерот на „граѓаните“.

