Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканжи се соочува со повреда на препоните и ќе паузира во период од 10 недели, изјави денеска менаџерот Пеп Гвардиола.
Швајцарскиот репрезентативец беше подложен на скенирање и дозна дека мора да помине низ операционата сала откако беше принуден да биде заменет на полувремето за време на натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Гвардиола рече дека „очекувањата се играчот да биде надвор од терените 8 до 10 недели“.
И играчот од средниот ред Џек Грилиш е неизвесен за саботниот натпревар против Њукасл поради истегнување на препоните. Грилиш одигра само 30 минути против Реал Мадрид, но Гвардиола се надева дека повредата не е сериозна.
„Ситуацијата не е толку комплицирана како со Ману Аканжи, но се уште не можам да кажам дали ќе игра утре. Мислам дека не треба да биде надвор од теренот, но повторно ќе видиме во сабота наутро“, додаде шпанскиот менаџер.

