Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не ја криеше радоста по вчерашната победа против Реал Мадрид со 4-0 и пласманот во последниот сезонски меч во Лигата на шампионите.
„Најдоброто што можете да го направите е да одиграте неверојатен меч против Реал во полуфинале во Лигата на шампионите. Ја чувавме целата енергија за овој меч“ – вели Гвардиола.
„Граѓаните“ во финалето на 10 јуни во Истанбул ќе излезат на мегдан со Интер кој успеа во полуфиналната серија да го елиминира градскиот ривал Милан.