Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Гвардиола освои две престижни награди во Премиер лигата
    Фудбал

    Гвардиола освои две престижни награди во Премиер лигата

    risteBy riste31/05/2023No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, освои две престижни индивидуални награди. Шпанскиот стручњак ја доби наградата за менаџер на сезоната во Премиер лигата, како и наградата за менаџер на годината од Асоцијацијата на менаџери во лигата (LMA).

    Не е првпат Гвардиола да ги освојува овие индивидуални награди, бидејќи првата ја освои по четврти пат, а втората награда по трет пат. Доаѓа сосема логично бидејќи Манчестер Сити брка тројна круна под негово водство, откако веќе ја освои Премиер лигата, стигна до финалето на Лигата на шампионите против Интер, и има финале од ФА Купот со градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

    Гвардиола ја доби престижната индивидуална награда за најдобаре менаџер во англискиот фудбал за прв пат во 2021 година, откако претходно беше победен од тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

    Во својот говор по освојувањето на наградата LMA, Гвардиола рече:
    „Воодушевен сум што ја добив наградата за менаџер на годината во Премиер лигата. За мене е неверојатна чест што го добив овој трофеј. Ние сме во најдобрата лига во светот и јас ви ветувам дека така ќе биде и следната сезона“.

    Под водство на 52-годишниот шпански менаџер, Манчестер Сити го доживува најуспешниот период во својата историја, од неговото доаѓање, тимот освои пет шампионски титули, а ова во моментов е трета по ред за „граѓаните “.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.