Манчестер Сити вчера го „прегази“ Шалке со 7:0 во реваншот во осмина-финалето во Лигата на фудбалските шампиони и суперидоно си обезбеди место меѓу најдобрите осум екипи во фазата на елиминации.
Тренерот на домаќините, Пеп Гвардиола, задоволен од прикажаното веќе размислува за наредниот противник кој ќе го дознае по петочната ждрепка. Во неа фигурираат Тотенхем, Манчестер Јунајтед, Порто, Ајакс и Јувентус а последните два патника ќе се дознаат доцна вечер по реваншите меѓу Барса и Лион и Бааерн Минхен-Ливерпул. Искусниот тренер уште од сега, нагласи дека не го посакува Јувентус предводен од Кристијано Роналдо.
„Момците како Кристијано Роналдо, сакаат да бидат шампиони. Тоа се луѓе со кои треба да се соочиш во наредната рунда. Не е фер некој да зборува дека мора да се освои, дека е катастрофа ако испаднете во четврт-финале. Видете кој е аут – Реал Мадрд, Атлетико Мадрид, ПСЖ “ – изјави Гвардиола.