Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека Кевин Де Бруин имал здравствени проблеми пред почетокот на натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите (3:3). Токму поради оваа причина Белгиецот испадна од составот на „граѓаните“.
„Кевин дојде во соблекувалната и рече дека не може да игра. Откако јадеше, му се слоши и повраќаше. Се надевам дека ќе можам да сметам на него за следниот натпревар бидејќи тој е многу важен играч за нас“, коментираше менаџерот на Манчестер Сити по спектаклот на „Бернабеу“ синоќа.
Белгискиот фудбалер речиси сигурно ќе биде достапен за саботниот дуел со Лутон во Премиер лигата.

