Манчестер Сити планира да собере околу 200 милиони фунти од продажбата на своите играчи, објави утринава „Телеграф“.
Пеп Гвардиола сака да направи промени и да го освежи својот тим во потрага по повеќе успеси во следните неколку сезони, иако освои четири титули со Граѓаните во последните пет сезони. Како потенцијални играчи кои ќе бидат продадени се споменуваат имињата на Рахим Стирлинг, Габриел Жесус, Александар Зинченко, Нејтан Аке и Илкај Гундоган. Сите овие играчи имаа повеќе или помалку периферна улога во последната сезона, а некои од нив уште имаат и кратки рокови од нивните договори.
Манчестер Сити веќе го привлече Ерлинг Холанд од Борусија (Дортмунд), а следна голема трансфер цел во наредните денови се очекува да биде Калвин Филипс од Лидс.