По реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите, Манчестер Сити обезбедеи пласман во полуфиналето од Лигата на шампионитеи и ова е за нив прво учество во оваа фаза од елитното натпреварување на УЕФА.
За разика од екипата на манчестер Сти, менаџерот на овој тим има искуство со настапи во полуфиналето, зато ашто ова за него ќе биде осми пат да води тим во оваа фаза од Лигата на шампионите. Гвардиола според овој индикатор се израмни со Жозе Мурињо кој во моментов е на чело на Тотенхем.
Пеп Гвардиола го имаше своето прво полуфинале во Лигата на шампионите како тренер во 2008/2009 година додека работеше во Барселона. Таа сезона Каталонците станаа победници на ова натпреварување.
Со Барселона Пеп Гвардиола четири пати стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите, уште три пати го водеше Баерн Минхен во полуфиналето. Манчестер Сити ќе игра против ПСЖ во полуфиналето во Лигата на шампионите на УЕФА 2020/2021.

