Тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди дека првиот голгетер во тимот, Серхио Агуеро, нема да биде меѓу стартерите на дербито со Манчестер Јунајтед.
Аргентинецот на вчерашниот меч во Лигата на шампионите со Олимпик Марсеј влезе во игра во 67 минута и успеа да погоди во мрежата на Французите.
„Неговиот инстинкт за гол, неговата одлична реакција беше очекувана. Тоа сега е најзначајно“ – изјави Гвардиола.
