Во пресрет на утрешниот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал (М), менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ги сподели своите очекувања за натпреварот.
„Ако треба да се соочиме со историјата, тогаш немаме шанси. Историјата зборува сама за себе. За нас тоа ќе биде неверојатен тест и ќе се обидеме да го поминеме. Ќе страдаме кога треба да страдаме, ќе ја имаме топката, ќе напаѓаме кога ќе можеме“, вели Гвардиола.
„Победата над ПСЖ не беше среќа или шанса, ништо од тој вид. Имаат многу квалитет. Луѓето велат дека тоа беше среќа, но не е, тоа го знаеме и ние пред утрешниот дуел“, дополни менаџерот на Манчестер Сити.