Фудбалерите на Манчестер Сити вчера загубија на теренот на Норич со 3 спрема 2 а тренерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, иронично го искоментира заостанувањето од 5 бодови зад лидерот Ливерпул кој немаше тешка задача и славеше против Њукасл со 3:1.
„Пет бодови се пет бодови, но, се уште е септември. Што треба да направам? Можеби да кажам: Честито Ливерпул, шампиони сте. Во ниту една секунда не се сомневам во моите играчи“- вели шпанскиот тренер на клупата на Манчестер Сити.
„Моите играчи се обични луѓе и сосема е нормално да се прават грешки. Во фудбалот се може да се случи“ – потенцираше Гвардиола. Во премиер лигата Ливерпул е лидер со пет победи и максимални 15 бодови додека Сити го има второто место со 10. Манчестер Јунајтед и Лестер имаат по осум бодови.