Медиумите во Англија шпекулираат дека тренерот на фудбалерите на Манчестер Сити , Пеп Гвардиола, кој има договор до 2021 година, може набрзо да ја прекине соработката со „граѓаните“.
Наводно, семејството на Шпанецот не сака да живее во Манчестер и се вратило во татковината. Според наведеното, неговата сопруга Кристина заедно со најмладата ќерка се преселила на Пиринеите. Весникот, „Мирор“ објави, дека Пеп има клаузула која му овоможува пред време да го раскине договорот.
Ќе потесетиме дека Гвардиола го презеде кормилото на Манчестер Сити во 2016 година и досега освои две шампионски титули во Премиер-лигата.