Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјави дека резултатот од утрешното финале во Лигата на шампионите против Челзи нема да ја смени неговата иднина на кој било начин.
Последните денови се шпекулираше дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта се надева дека ќе успее да го убеди Пеп Гвардиола да се врати на „Камп Ноу“ по утрешниот натпревар.
„Јас точно знам како сакаме да играме и против кого играме. Неверојатна привилегија е да се биде тука. Лично, кога ја започнав мојата кариера, никогаш не очекував да бидам во финалето на Лигата на шампионите. И сега сум во уште едно повторно. Секој сака да победи, но за да победите мора да играте. Некои играчи може да имаат поголема напнатост, но мора да се справат со притисокот. Сигурен сум дека за да се добие финале, треба да страдате на теренот. Дефинитивно ќе останам во Манчестер Сити, без оглед што ќе се случи утре. Без разлика дали ќе победиме или загубиме, тоа нема да ја промени мојата иднина во Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.

