Дефанзивецот на фудбалскиот состав Јувентус, Жоао Касело, е многу блиску до трансфер во шампион на Премиер лигата – Манчестер Сити, објавија денеска повеќе медиуми во Англија.
Според нив, 24-годишниот фудбалер може да ја продолжи кариерата кај „граѓаните” доколку двата клуба успеат да постигнат договор. Челниците на „старата дама” поставија трансферна сума од 60 милиони евра за Касело додека Англичаните најверојатно ќе понудат од 40 до 50 милиони за потписот на Португалецот.
Касело во тековната сезона одигра 34 натпревари за Јувентус со ефект од 1 гол и 8 асистенции.