Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, ги отфрли шпекулациите дека може да си замине од тимот. Тој јавно стави до знаење дека е подготвен да остане на „Етихад“ барем уште четири години.
„Имам договор со Сити за уште две години, нема да одам никаде, освен ако не ме отпуштат. Се надевам дека ќе останам тука уште две години а можеби и уште толку потоа” – рече тренерот на „граѓаните“ кои заедно со Ливерпул водат изедначена трка за шампионската титула во Премиер лигата.
Шпанскиот тренер има активен договор до летото во 2021 година а челниците на тимот размислуваат да го убедат да остане повеќе од една деценија.
