Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не може да поверува дека неговиот состав го претрпе и деветиот сезонски пораз на вчерашниот дуел со Саутемптон иако беше апсолутно доминантен на теренот.
„Граѓаните“ имаа посед на топка преку 70 проценти и дури 20 шутеви кон противничкиот гол, но, домаќините ги освoија бодовите благодарение на минималната победа од 1-0.
„Тешко ми е да ја најдам причината за сите досегашни порази. Можеби ја немаме најдобрата одбрана во лигата, но, верувам дека можеме да постигнуваме повеќе голови. Јасно е дека не сме на посакуваното ниво“ – потенцира шпанскиот тренер на клупата на Сити.