Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, денеска имаше средба со новинарите пред утрешниот натпревар со Вест Хем во рамките на новото коло во Премиер-лигата.
Искусниот стратег поради операција на грбот беше спречен да седи на клупата на „граѓаните“ на претходните два меча.
„Сега сум подобар. Докторот добро ја врши работата и секоја недела ќе биде подобра. Беше чудно да ги пропуштам мечеви но, се беше во ред“ вели Гвардиола.

