Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не знае дали до 31 август ќе обезбеди нов напаѓач кој треба да ја пополни дупката по заминувањето на Серхио Агуеро.
„Можеби ќе купиме некого, можеби нема. Ситуацијата сега не се менува. Имаме уште десет дена до крајот на преодниот рок“ – вели Гвардиола.
„Работам со тоа што го имам. Нашата главна задача е да бидеме уште подобри во трката за титулата“ – потенцираше шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“.